Ослободете се од темните кругови: Овие намирници ќе ви помогнат да ги отстраните темните кругови околу очите

Сподели со своите пријатели

Ако имате темни кругови околу очите, овие природни маски и облоги ќе ви помогнат да се справите со нив

Loading...

Се разбира, за се е потребно време. Бидете трпеливи и резултатите ќе дојдат.

Млеко

Овој напиток има фантастична способност да ја избелува кожата, па затоа е идеален за отстранување на темните кругови околу очите. Натопете памукче во млекото, оставете да се исцеди вишокот течност, а потоа нежно тријте ја кожата околу очите. Оставете да делува половина час, а потоа исплакнете со топла вода.

 

 

Ананас

Loading...

Растворете го бебешкиот прав во малку вода и мешајте додека не се добие паста. Додадете свежо исцеден сок од ананас, претходно изладен во фрижидер и добро измешајте. Нанесете ја пастата на пределот околу очите и држете петнаесет минути. Оваа постапка се применува два пати неделно, а уште подобри резултати се постигнуваат ако свежо цеден сок од лимон внимателно се нанесува на пределот околу очите по премачкувањето.

 

 

Бел слез

Направете смеса од 15 гр камилица и 10 гр корен од бел слез и корен од сладунец, па прелијте го со 2 дл вода. Ставете го на шпорет и кога ќе зоврие оставете да се динста неколку минути, а потоа изладете и процедете. Натопете ги брисевите со чај и намачкајте ги очните капаци. После тоа, ставете ги растенијата во газа и држете ги на очните капаци десет минути. Извадете ги преливите и измијте ги со чај.