ОШЗС бара општествено корисна работа, наместо парична казна за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот Штаб за заштита и спасување бара од Владата да донесе измени со кои ќе се овозможи наместо парична казна за неносење заштитна маска, да се изрекува мерката општествено корисна работа.

Loading...

– ОШЗС Куманово бара од Владата на РСМ да ја разгледа и измени Уредбата за носење на заштитна опрема со која е  предвидена казна во висина од 20 евра на физичките лица за неносење на заштитна маска на отворено и истата да ја замени со опомена и содветна казна со општествено корисна работа, стои во заклучокот по вчерашната одржана седница.

Воедно штабот ќе дозволи организирање и одржување музички концерти на отворено на градскиот плоштад.

– ОШЗС Куманово донесе одлука да се дозволи организирање и одржување на музички концерти на отворен простор на градскиот плоштад и пред платото на НЦУК “Трајко Прокопиев“  за време на траење на полицискиот час, за кои заинтересираните културни институции, здруженија и групи ќе доставуваат предходно барање до ОШЗС и ќе ги почитуваат мерките и препораките на Владата на РСМ и ОШСЗ Куманово, стои во соопштението.

Останатите активности на силите за делување на штабот и останатите институции продолжуваат со штабските редовни активности согласно зададената динамика.

Никола Ивановски

Leave a Reply