Оружје пронајдено кај 22-годишник во липковско

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишник е приведен на подрачјето на липковско откако кај него е пронајдено оружје.

Loading...

– На 09.08.2021 во 23.15 часот кај бензинска станица во селото Лојане, општина Липково, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Север – Полициска станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода Б.Н.(22) од с.Блаце, скопско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, при преглед во патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал, бил пронајден пиштол „М57“ со една рамка со пет куршуми калибар 7,62 мм, за кој не поседувал дозвола.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Никола Ивановски