Орбан помош за Украина од 187 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Унгарија вети дека ќе испрати 187 милиони евра во Украина како дел од планираниот пакет помош од ЕУ.

Loading...

Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека е подготвена да го плати својот дел од помошта за Украина, но рече дека попрво би плаќала билатерално отколку во рамките на ЕУ.

Орбан, да потсетиме, наиде на жестоки критики од Украина откако неодамна објави фотографија на која позира со шал со мапа на „Голема Унгарија“, која опфаќа делови од Украина и други соседни земји, меѓу кои и Хрватска. Затоа Киев го покани на разговор унгарскиот амбасадор.

Поддршката на Унгарија за Украина од почетокот на инвазијата беше, благо кажано, нешто помалку ентузијастичка од онаа на многу други западни сојузници.

Во најголем дел, Орбан се обиде да остане настрана од конфликтот, кој многу други европски земји го гледаа како предавство на заедничките вредности.

Меѓу другото, Орбан забрани западни пратки на оружје да минуваат низ Унгарија и го блокираше проширувањето на европските санкции против Русија во енергетскиот сектор.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.