Општина Куманово со најмногу гласачи во избирачкиот список

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ќе има најмногу граѓани со право на глас за претстојните парламентарни избори во целата држава.

Loading...

Според Избирачкиот список во Куманово право на глас ќе имаат 93.000 граѓани, од вкупно 1.814.263 гласачи во земјата.

Кумановци ќе може да гласаат на 167 избирачки места, од кои дел нема да се наоѓаат на старите локации, бидејќи истите не ги исполнуваат условите на протоколите за гласање кои ги утврдија надлежните органи.

Општинската изборна комисија ги анализирала сите на терен и веќе упатила извештај до ДИК по што ќе се разгледаат понудените опции.

Никола Ивановски

Leave a Reply