Општина Куманово не смее да врши видео надзор без одобрение

Сподели со своите пријатели

Оптина Куманово не смее да поставува опрема за вршење видео надзор без за тоа да добие согласност од Министерството за правда.

Loading...

Ова го истакна градоначалникот Максим Димитриевски на последната седница на Советот, а како реакција на се почестото уништување урбана опрема и јавен имот низ градот.

– Општина Куманово нема право без согласност на Министерство за правда да постави камери за видео мониторинг на јавен простор затоа што се нарушува приватноста. Но, од друга страна секој од вас има право на домашно живеалиште да постави камера, што значи дека процедурите се многу спори, рече тој.

Сепак борбата против вандалите Општина Куманово ќе ја води преку приватни агенции за обезбедување.

Димитриевски најави дека за таквата цел ќе се издвојат пари со буџетот за следната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

– Ќе издвоиме следна година средства за ангажирање агенции на обезбедување за заштита на одреден јавен простор, но и средства кои ни оваа година не успеавме заради бирократски процедури да ги потрошиме, да инвестираме во видео мониторинг, рече тој.

Како што додава градоначалникот, формирана е екипа која веќе три месеци работи на оваа регулатива, но одговор од институциите на централно ниво се уште не пристигнале.

Засега единствена општина која има вакво право и каде се врши мониторинг на јавна површина е Општина Кавадарци.

Loading...

Министерот Оливер Спасовски минатиот месец најави дека ќе се постават безбедносни камери и вон Скопје и Кавадарци.

– Ние ќе стоиме на располагање доколку се изрази барање за техника и друга помош за да им помогнеме на локалните самоуправи за тоа да го реализираат, најави Спасовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Граѓаните на Куманово сметаат дека спасот од се почестите вандалски чинови се камерите за видео надзор, но и чуварски служби.

Градоначалникот Димитриевски вели дека искуството со чуварски служби не се покажало како добра идеја оти постојано биле напаѓани.

– Особено на кејот имаше редовно вработени четири чувари кои покрај што го чуваат јавниот простор, во одреднеи моменти беа физички напаѓани, малтретирани, злоставувани и повредувани и никој ништо не преземаше и тие постапки до ден денес не се завршени, вели тој.

Според Димитриевски, единствено полициската униформа има монопол за превенција, но и физичка репресија.

– Доколку нема присуство на полицаец или имате присуство на униформирано лице кое не е заинтересирано да го штити јавниот интерес, тогаш вие не можете да обезбедите на друг начин физички да ги обезбедувате јавните добра, паркови и јавни површини. Како да обезбедиме 500 клупи во целиот град или 500 канти, колку луѓе ќе ни требаат? – прашува градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Според Димитриевски, следната година приватни агенции ќе патролираат низ градот, но тоа нема да го реши проблемот, ако МВР не соработува со нив.

Loading...

Инаку, само последниот месец во два наврати беше направена поголема штета на урбаната опрема на Градскиот кеј и на Спомен Костурница.

Нема кривични пријави и казни за сторителите на ваквите дела, оти досега не е откриен ниту еден од вандалите.

Општината апелира до несовесните граѓани, да сфатат дека тоа е и нивен имот и дека треба да го чуваат, а на совесните им препорачува секогаш кога ќе забележат уништување на јавен имот да пријават до надлежните служби во општината или полицијата.

Никола Ивановски