Општина Куманово ќе набави нови шест возила

Сподели со своите пријатели

Нови шест возила ќе набави Општина Куманово, а истите како што беше посочено на денешната седница на Советот ќе се користат најмногу за потребите на инспекциските служби.

Loading...

Дел од возилата ќе бидат теренски и ќе бидат дадени на службата за инспекциски надзор, Секторот за урбанизам, а едно ќе се додели и на Територијалната противпожарна единица Куманово чиешто теренско возило „Лада нива“ е старо над 25 години и поголем дел од периодот е во дефект.

Останатите возила ќе бидат две мали градски возила кои ќе се користат од комуналната инспекција, инспекцијата за сообраќај и едно за стручните сужби.

– Мобилноста и функционалноста на општинските служби е нарушена и сметам дека е потребна нова набавка на возила со што првично ќе се намалат основните трошоци за одржување затоа што ако се оди по оваа пресметка со одржување, на општината и е поевтино да плаќа годишна рата за ново возило, отколку годишно одржување за некое од овие стари возила паралелно драстично ќе се намали потрошувачката на гориво и ќе се направат дополнителни заштеди и ќе добиеме ефикасни, модерни и еколошки возила по „Евро 6“стандардите, рече градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Оптината моментално располага со седум возила „БМВ“ од 2006година, две возила „Шкода фабија“ од 2010та, „Шкода октавија“ исто така од 2010 година, „Шкода јети“ од 2010та, „Пасат“ од 2012та и и „Шкода фабија 1.2“. Во возниот парк на локалната самоуправа има и „Голф 4“ стар 15 години, како и „Југо“ кое е постаро од 20 години.

За тие седум возила од 2014 година заклучно август 2019 година, општината потрошила над 220.000 евра за сервисирање и горива, а истите имаат изминато во просек од 300.000 до 500.000 километри.

Новите возила, со одлуката на советот ќе се земат на лизинг и ќе се отплаќаат во следните пет години. Колкава ќе биде нивната вредност допрва ќе се знае, откако ќе се распише тендерската постапка и ќе се разгледаат доставените понуди.

Старите возила во најголем дел, како што рече градоначалникот ќе се отуѓат, а оние кои се во подобра состојба ќе бидат дадени на јавните претпријатија.

Loading...

Опозицијата одби да гласа за набавка на возила. Како што рекоа се согласуваат дека треба да се набават, но бараа во одлуката која се гласа да се посочи колку ќе чинат.

– Тука никаде не пишува дека ќе има три теренски, две градски возила, едно за службите, никаде не пишува дека едно ќе биде за пожарна, за инспекција, вака како што е одлуката која треба да ја гласаме му даваме одврзани раце на некого да набави шест возила и ние треба да веруваме на нешто што е кажао на оваа седница то ќе се памети или заборави и во секое време набавувачот може да се повика вие донесовте одлука да се набават шест возила, нема ограничување, зошто да не го добиеме напиесмо, бараме такви и такви возила, рече советникот од опозицијата Драган Петковски.

Сепак, како што појасни градоначалникот тоа не е можно, затоа што не може да се предвиди кој ќе се јави на огласот за набавка и какви понуди ќе достави.

– Ние немаме право со одлука да преудицираме што и како, самата постапка и законот е јасен и во делот на јавна набавка не можете да кажете дека ќе набавите тоа и тоа, со одлука на Совет. Праксата покажува ова не е прв случај кога Советот носи одлука за набавка на возила и во минатото се набавувале и одлуката била иста, но имате објаснување, дали ќе ми верувате или не тоа е ваша работа, јас за работата одговарам пред законот и граѓаните, одговори Димитриевски.

Со поединечно гласање со 18 гласови „за“, 10 „против“ и ниту еден „воздржан“, одлуката беше донесена со што градоначалникот се задолжува да ја спроведе постапката.

Leave a Reply