Општина Крива Паланка домаќин на годишната рута на караванот Еуроп-Раид 2019

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден Општина Крива Паланка беше домаќин на првата авантуристичка турнеја на солидарност на францускиот караван ,, Europ’Raid 2019“.

Loading...

Europ’Raid е европска турнеја за културна солидарност, во состав од околу 800 волонтери од Франција, кои патуваат со 260 возила „Пежо 205“, а нивната мисија и цел е  да донираат вкупно 17,5 тони училишни материјали, прибор и училишна опрема  во неколку балкански држави, меѓу кои и Република Севрна Македонија, носејќи со себе помош во вид на донација за децата кои имаат отежнат пристап до учиштата и живеат во понеповолни услови.

Овогодинешната рута на ,,Еуроп-Раид “ е започната од Париз на 27 јули и ќе трае до 17 август, а учесниците од караванот треаба да поминат вкупно 10.000 километри за 22 дена.

На мапата на оваа европска турнеја за културна солидарност се најде и Крива Паланка, како  општина од РС Македонија, која поради својата активна соработка во областа на Франкофонијата  доби донација од  100 килограми училишен прибор, матријали, нагледни средства и спортска опрема.

Во знак на благодарност за донацијата и пријателството со  францускиот народ,  учениците од ООУ ,,Јоаким Крчовски“ под менторство на проф. по француски јазик Елена Николовска,  приредија Франкофонски музички хепенинг во дворот на училиштето, на кој присувствуваше и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Во рамки на овој несекојдневен настан, градоначалникот Борјанчо Мицевски приреди прием и организираше работна средба со амбасадорот Кристијан Тимоние, на која се разговараше за децентрализираната соработка, особено преку овој важен проект на француската солидарност преточен во туристичка атрактивност, како и за развојните проекти на општина Крива Паланка.

Во оваа прилика, градоначалникот Мицевски најави дека  амбасадорот Кристијан Тимоние ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Крива Паланка,а чинот на официјализирање ќе се оддржи на свеченоста по повод  Денот на ослободување на Крива Паланка-8-ми Октомври.

Тимоние истакна дека е пријатно изненаден и трогнат од предлогот за почесен граѓанин, но воедноистакна дека  и многу благодарен и среќен за сето она  што Општина Крива Паланка го прави во насока на негување и почит кон францускиот јазик и култура.

Loading...

Тимоние воедно ја искажа и својата благодарност  кон младите французи, кои патуваа илјадници километри да стасаат до тука и срдечно им честита на младите ученици кои го изучуваат францускиот јазик, зборувајќи го како нив мајчин јазик.

За огромниот број француски гости, учесници на караванот на Europ’Raid, Општина Крива Паланка организираше стационирање со ноќевање и интересна  културно-уметничка програма на градскиот стадион.  

Програмата започна од 20.00 часот со настап на КУД ,,Карпош“ и КУЗ ,,Фолклористи“,  кои со своите прекрасни изведби на на народни песни и танци, на најубав начин, пред присутните и гостите од Франција  ја претставија богатата културна традиција на кривопланчани  и народна носија од овој крај. Програмата продолжи и во доцните вечерни часови со електронска денс музика и лајф настап на диџеј Буѓо.

Ова беше инзвонредна можност за  време на една вечер, учесниците да ја откријат и да се запознаат со локалната култура во опуштена и пријателска атмосфера.

Leave a Reply