Опожарено „фолксваген поло“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

„Фолксваген поло“ било зафатено од пожар додека било паркирано во кумановското село Тромеѓа.

Loading...

– На 03.11.2023 во 00.02 часот во СВР Куманово, Х.Ј.(23) од Куманово пријавил дека во село Тромеѓа, кумановско, настанал пожар во неговото паркирано патничко моторно возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увид бил извршен од кумановската полиција.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат