Опожарена куќа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куќа лоцирана во реонот Ново Куманово вчера била опожарена.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи околу 20:25 часот по добиен повик, петмина пожарникари од ТППЕ Куманово излегле на терен и интервенцијата ја завршиле во 20:45 часот.

Втората интервенција била во селото Табановце каде што горела сува трева во период од 21:40 до 22:40 часот.

Нешто подоцна, односно околу 22:40 часот четворица пожарникари изглегле да интервенираат на запален оџак на булеварот „Октомвриска револуција“. Интервенцијата ја завршиле два часа подоцна, односно 40 минути по полноќ.

Leave a Reply