Опожарена куќа на улицата „Вук Караџиќ“

Сподели со своите пријатели

Семејна куќа  лоцирана на улицата „Вук Караџиќ“ број 10 вчера околу 15:33 часот била опожарена, од засега непознати причини, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарникарите вендша по пријавата излегле на терен со едно противпожарно возило и пет пожарникари, а по скоро едночасовна борба со огнение јазици успеале огнот да го локализираат во 16:15 часот.

Причините, заедно со висината на настанатата материјална штета од пожарот допрва ќе се утврдуваат.

Инаку пожарникарите вчера имале интервенција и на запален контејнер лоциран на улицата „Васил Драгомански“ каде дваесетина минути тројца пожарникари го гаснеле запалениот смет.