Операторите се соочуваат со енормни казни поради прекинот на програмата

Сподели со своите пријатели

Кабелските оператори во знак на протест денеска ги исклучија на еден час сите програми, освен МРТ во знак на протест поради, како што наведоа, неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски.

Loading...

Министерството за информатичко општество, во реакција до медиумите упати на законските обврски кои ги имаат и нагласуваат дека истите се прекршени, за што може да следуваат енормни парични казни.

Во продолжение интегралното соопштение од МИОА.

Во врска со денешното исклучување на емитувањето на телевизиските канали од страна на операторите, МИОА би сакала да укаже дека е направена повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации. Членот 115 гласи:

Член 115

(1) Операторите кои обезбедуваат пристап до јавна електронска комуникациска мрежа можат, без согласност на корисниците, привремено да го ограничат или прекинат пристапот до нивните услуги, доколку тоа е потребно заради реконструкција, модернизација, одржување или во случај на технички пречки или недостатоци во мрежата.

(2) Операторите се должни да ја информираат Агенцијата и да ги известат корисниците за ограничувањата или прекините кои траат подолго од 30 минути:
– најмалку 48 часа пред планираната реконструкција, модернизација или одржување или
– колку што е можно побрзо, но не подолго од 48 часа, кај ограничувањата или прекините предизвикани од технички пречки или недостатоци во мрежата.

(3) Операторите треба да ги преземат сите неопходни мерки, ограничувањата или прекините да траат што е можно пократко.

Loading...

Со оглед на тоа што не се работи за прекин кој е предизвикан заради реконструкција, модернизација, одржување, технички пречки или недостаток на мрежата, јасно е дека се работи за повреда на законот. Последиците за ова дело се дефинирани во членовите 182 и 186 од Законот за електронски комуникации, кои гласат:

Член 182

(1) Глоба во износ од 20.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, односно трговец поединец, ако:
36) изврши привремено ограничување или прекин на пристап, спротивно на членот 115 од овој закон;

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице, односно за трговецот поединец ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец за прекршоците од ставот 1 на овој член.

Член 186

(1) На правното лице за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182,183 и 184 од овој закон покрај глобата ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на определена дејност во траење од шест месеци до три години, а може да му се изрече и прекршочна санкција одземање на предмети со кои е сторен прекршокот.

(2) На одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182, 183 и 184 од овој закон, покрај глобата, ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година.

(3) На трговец поединец за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182, 183 и 184 од овој закон, покрај глобата ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година, а може да му се изрече прекршочна санкција одземање на предмети со кои е сторен прекршокот.

Loading...

Покрај ова, сите претплатници на операторите имаат законско право да бараат и право за надоместок на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори и можат да бараат соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно регулаторно тело.

Leave a Reply