ООУ „Крсте Мисирков“ го одбележа Денот на екологијата

Сподели со своите пријатели

Со еколошки активности Основното општинско училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово денеска го одбележа денот на екологијата и почетокот на пролетта со уредување на училишниот двор, собирање смет и декорирање на дворот.

Loading...

– Поставивме нови корпи за смет бидејќи старите беа дотраени, ги заменивме со нови. На одделенскиот час имавме тема екологија, се подготвивме за утрешниот настан Светскиот ден на водата и се обидуваме да ја потикнеме и развиеме свеста на нашите ученици, а преку тоа и на нивните семејства, изјави Сузана Денковска, наставник во ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово.

Како што додаде наставничката училиштето се труди да придонесе за развивање на еколошката свест во општината во рамките на своите можности.

– Преку запознавање на учениците на редовна настава, секој наставник планира во годината како да се подигне еколошката свест не само по предметот биологија и хемија туку сите предмети. Организираме активности и настани на кои покануваме родители и поширока заедница. За утре на пример творевме на тема вода, како можеме да ја сочуваме водата за пиење и да биде достапна за сите, литературни творења, ликовни творења преку флаери како еко пораки, беџеви, а ќе имаме и група која на граѓаните ќе им подели флаери за кревање на еколошката свест и преку самото тоа што учениците учествуваат во таквата акција ние мислиме дека сепак успеваме да постигнеме на еден дел од популацијата да ја развиеме еколошката свест, додаде Денковска.

Инаку Денот на екологијата денеска беше работен, но ненаставен ден низ кумановските училишта, а сите образовни институции на пригоден начин го одбележаа стартот на пролетта.

Leave a Reply