ОН тврдат: Бројот на убиени цивили се искачи на 249, меѓу кои 17 деца

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата на ОН за човекови права го ажурираше официјалниот број на убиени цивили од почетокот на руската инвазија на Украина.

Loading...

Околу 249 луѓе загинаа, а 533 беа повредени, се вели во соопштението. Вчера беа избројани 227 загинати и 525 повредени.

Според последните податоци, околу 17 загинати се деца и 27 жени.

 

Русите ја нападнаа најголемата нуклеарна централа во Европа: Украинците се борат да ја одбранат

 

Канцеларијата за човекови права соопшти дека нејзините бројки се значително потценети бидејќи користи строга методологија и брои само потврдени жртви.

Украинските власти вчера соопштија дека биле убиени 2.000 цивили.

Loading...