ОН: Децата во богатите земји се дебели, не знаат математика и имаат ментални пореметувања

Сподели со своите пријатели

Премногу деца во најбогатите земји во светот немаат основно познавање на математика и читање и страдаат од ментални нарушувања и дебелина, објави во вторникот УНИЦЕФ.

Loading...

Во извештајот на агенцијата рангирани се 41 членка на Европската унија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) според здравјето, вештините и среќата на децата.

Данска, Холандија и Норвешка се на врвот, а Бугарија, Чиле и САД се на дното на списокот на земји со високи примања.

Во повеќето анализирани земји, околу 20 проценти од децата не се чувствуваат задоволни, покажува извештајот.

Најлоша е Турција со само 53 проценти од децата задоволни од својот живот, а следуваат Јапонија и Велика Британија.

Литванија бележи најголем број самоубиства кај адолесцентите, додека Нов Зеланд и Естонија се на второто и третото место.

Во однос на физичкото здравје, секое трето дете е дебело или со прекумерна тежина, а овие стапки нагло се зголемуваат во јужна Европа.

Околу 40 проценти од децата на возраст под 15 години во богатите земји немаат основни математички способности и вештини за читање, повеќето во Бугарија, Романија и Чиле, соопшти агенцијата.

Loading...

Извештајот се заснова на податоци од пандемијата на коронавируси, а УНИЦЕФ предупредува дека здравствената криза е дополнителна закана за благосостојбата на децата.

Многу од најбогатите земји во светот, кои имаат ресурси да обезбедат среќно детство за сите, ги изневерија своите деца, рече директорката на УНИЦЕФ, Гунила Олсон.

Доколку владите не преземат итни и одлучни мерки за заштита на благосостојбата на децата како дел од одговорот на пандемијата, можеме да очекуваме зголемување на сиромаштијата, посиромашно физичко и ментално здравје и понатамошно опаѓање на вештините на децата, рече таа.

Leave a Reply