Околу четири милиони Украинци се без струја

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски објави дека поради руските напади врз енергетскиот систем на земјата, околу четири милиони луѓе останале без струја.

Loading...

Зеленски рече дека 14 региони, како и главниот град Киев се без струја, а украинскиот енергетски оператор Укренерго најави дека најавените прекини на струја ќе бидат спроведени низ целата земја.

Се претпоставува дека состојбата со недостиг на струја и парно ќе предизвика нов бегалски бран кон европските земји.

Се верува дека околу 6,9 милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина, а источноевропските земји како Словачка и Унгарија се подготвуваат за нов бегалски бран во наредните месеци, јави Танјуг.

„Се чувствува и се очекува зголемувањето на бројот на бегалци. Во моментов е повисоко за 15 проценти“, изјави координаторот за помош за градот Кошице во источна Словачка, Роман Доховиќ.

Руската новинска агенција Тас наведува дека украинските потрошувачи секојдневно се соочуваат со прекини на струја кои траат по неколку часа, поради што украинските власти апелираат до граѓаните да штедат струја во периодите на шпиц.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.