Околу 360.000 луѓе се евакуирани поради силниот дожд во југозападниот дел на Јапонија

Сподели со своите пријатели

Силен дожд денеска го погоди регионот Кјушу во југозападна Јапонија и предизвика уривање на мост, а властите издадоа наредба за евакуација на околу 360.000 жители на градот Кумамото.

Loading...

Јапонската метеоролошка агенција предупреди на лошо време со пороен дожд и грмотевици што ќе траат до пладне во вторник и ги повика жителите да бидат внимателни за можни одрони и поплави, пренесе агенцијата Кјодо.

Префектурата Кумамото е под товарот на линеарно невреме кое често предизвикува поројни поплави, а градовите Јамато и Машики денеска регистрираа рекордни врнежи од дожд за јули.

Силниот дожд доведе до уривање на 37-метарски бетонски мост преку мала река што минува низ Јамато, но засега нема потврдени жртви, се вели во извештајот на локалните власти, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не е исклучено и ЕУ да го забрани ТикТок