Околу 30 последователни потреси следеа по силниот земјотрес во Црна Гора

Сподели со своите пријатели

Пo силниот земјотрес што рано утринава ја погоди Црна Гора и беше почувствуван и во регионот, следеа триесетина последователни потреси со јачина од 1,5 до 3,5 степени според Рихтеровата скала, изјави Милена Томановиќ од Црногорскиот сеизмолошки завод.

Loading...

Таа потсети дека јачината на земјотресот, чиј епицентар бил во градот Чараѓе во црногорската општина Никшиќ, бил 5,4 степени според Рихтеровата скала, но нагласила дека засега нема извештаи за евентуална материјална штета.

На прес-конференцијата Томановиќ рече дека претходно имало земјотреси со јачина од 5,5 степени во тоа подрачје.

Катастрофален земјотрес пред 45 години

„Не можеме да предвидиме дали повторно може да се случи земјотрес ист или посилен. Она што можеме да го кажеме е дека имавме 30 последователни потреси од 1,5 до 3,5 степени според Рихтеровата скала“, рече Томановиќ.

Сеизмологот Срѓан Цековиќ од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија претходно за порталот РТЦГ изјави дека длабочината на ударот на најсилниот земјотрес бил 14 километри под земја и дека можел да предизвика материјална штета.

Тој рече дека Институтот за сеизмологија имал многу јавувања од жители на Црна Гора кои биле вознемирени и дека е добро што епицентарот бил во ненаселено место.

„Најсилно се чувствуваше за Билеќа“, изјави Цековиќ.

Во април 1979 година, Црна Гора беше погодена од катастрофален земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала, во кој загинаа 101 лице.

Loading...