ОК СВСК го загуби првиот финален меч против Јанта Волеј

Сподели со своите пријатели

Одбојкарките на Сити Волеј Славков и Куманово го загубија првиот меч против составот на Јанта Волеј од Скопје во рамките на финалето на плејофот од домашниот одбојкарски шампионат.

Минатогодишниот шампион пред домашна публика во сетови со 3-0 го совлада составот на СВСК и покрај тоа што во финалето од Купот го подигнаа златниот пехар, прв по 24 години донесен во Куманово.

Инаку ова беше првиот од можните пет финални натпревари кои се играат во финалето, со оглед дека шампион ќе биде онаа екипа која прва ќе стигне до три победи.