ОЈО: Издадена наредба за обдукција на телата на починатите од Табановце

Сподели со своите пријатели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во семејната куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица – маж и жена на возраст од 43 и 36 години.

Loading...

– Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, информираат од Основното јавно обвинителство Куманово.

Иако утринава имаше шпкекулации дека станува збор за убиство и самоубиство, од Секторот за внатрешни работи Куманово само информираа дека се пронајдени две тела со повреди, а дека увидот сѐ уште трае.

 

Две лица пронајдени починати со повреди во Куманово

Никола Ивановски