Две лица пронајдени починати со повреди во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица во куманвоското село Табановце утринава се пронајдени починати со повреди.

Loading...

Иако од рано утринава се шпекулираше дека станува збор за убиство и самоубиство, од Секторот за внатрешни работи не наведуваат таква информација.

– Денеска (17.08.2021) околу 08.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во нивниот дом во селото Табановце, кумановско, биле пронајдени починати, со повреди,  Б.С.(36) и Б.С.(43) од селото Табановце, стои во соопштението на кумановската полиција.

Полициски екипи се на местото и во координација со ОЈО Куманово врши увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски