Огромен напад со дронови врз Киев. Низ градот одекнуваат експлозии (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта во саботата Русија го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Украина, чија главна цел е Киев, соопштија во саботата наутро украинското воздухопловство.

Loading...

Непосредно пред тоа, украинските власти соопштија дека во саботата во мугрите на Киев бил извршен голем напад.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави на Телеграм дека Киев е под масовен напад и дека сите служби за итни случаи се на терен.

Тој потврди дека во нападот има жртви.

Пожар избувна на повеќе места во населбата Соломјански, меѓу кои и станбени згради. Во оваа област се потврдени две жртви.

„Нападот на главниот град е вознемирувачки“, рече Кличко.

Киев Индипендент објави дека нападот со дрон трае веќе четири часа.

„Украинска правда“ пренесува дека пожар избувнал и во градинката како последица на жесток напад на руски дрон.

Loading...

Остатоци од беспилотни летала соборени од украинската противвоздушна одбрана паднаа и во областа Печерск.

Станува збор за ирански експлозивни дронови Шахед, според локалните власти кои не дадоа проценка за бројот на проектили што го гаѓале главниот град.

За овој масовен напад на Киев објавија и руски медиуми, наведувајќи дека експлозии одекнале низ главниот град.

РИА Новости додава дека Русија од октомври минатата година изведува воздушни напади врз енергетски и воени цели.

Русија сè уште негира дека нападнала цивилна инфраструктура.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...