Ограбени аптека и бензинска пумпа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Аптека и бензинска пумпа во Куманово во текот на вчерашниот ден биле мета на разбојници.

Loading...

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, вчера околу 20:50 часот било пријавно дека на бензиска пумпа лоцирана на Автопат Куманово – Скопје, од страна на  лица со закана извршено било разбојништво при што  од касата го одзеле дневниот промет.

Само дваесет минути претходно, односно околу 20,30 часот било пријавено дека во аптека на улица „Тоде Мендол” од страна на едно лице со закана било извршено разбојништво при што се одземени пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од кумановската полиција

Leave a Reply