Ограбена обложувалница во Куманово, еден приведен

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишник од Куманово вчера бил приведен под сомнение дека ограбил обложувалница.

Loading...

– На 22.12.2022 во 00.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата тој се сомничи дека на 21.12.2022 во 22.35 часот со закана кон вработениот од спортска обложувалница на ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ одзел пари.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци