Ограбена црква кај Забел во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Непознат сторител ограбил црква во Старо Нагоричане кај местото викано Забел, информираат денеска од кумановската полиција.

Loading...

– На 05.09.2021 година во 09.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека непознат сторител со употреба на подесен алат и сила влегол во црквата „Света Богородица“ на место викано „Забел“ во с.Старо Нагоричане и одзел пари и други предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски