Одрон на земјиште уништи шест куќи во Швајцарија

Сподели со своите пријатели

Шест куќи се уништени во швајцарското село Шванден, кога започнал одрон и врз куќите паднала поголема количина кал, камења и друг шут.

Loading...

Таа област на истокот од земјата беше претходно евакуирана, откако експертите предупредија дека може да дојде до лизгање на земјиштето по обилните врнежи во таа област.

Неколку часа подоцна се случи уште едно свлечиште, пишува Фигаро, а на видеата објавени од неколку швајцарски медиуми се гледа како кафеавата маса се движи, корне дрвја и уништува инфраструктура.

Полицијата соопшти дека нема непосредни повредени.

Во тој реон пред една недела започна свлечиште, поради што беа евакуирани пет куќи, како и две продавници, а на евакуираните се уште не им е дозволено да се вратат, јавува Танјуг.