Од утре времени прекини на програмата од кабелските оператори

Сподели со своите пријатели

Кабелските оператори од утре во знак на протест ќе почнат со времени прекини во реемитувањето на телевизиските канали, освен МРТ.

Loading...

Како што велат операторите во писмото испратено до Владата, Собранието и неколку амбасади во земјава протестот е поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски.

-За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за истото, со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува кон почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба од Влдата- се вели во писмото на кабелските оператори.

Одлуката за прекин во емитувањето на каналите ќе биде на сила сѐ додека не се најде решение за спорните одредби со кои се оневозможува реемитувањето.

Leave a Reply