Од утре услови за локални врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде умерено облачно со умерен, а особено вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен ветер од северен и северозападен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 12 степени.

Под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и студено време. Од утре, како што додаваат од УХМР, ќе има услови за локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, особено во јужните и западните делови од земјава.

Leave a Reply