Од утре превоз и за учениците од поголемите населби во Куманово

Сподели со своите пријатели

Учениците од поголемите населби од Куманово утре ќе имаат превоз до своите средни училишта и покрај тоа што линискиот превоз за нив не е решен, оти има поднесено приговори на тендерската постапка од страна на некои превозници.

Loading...

Превозот ќе го врши компанијата „Оли травел“ која вечерва излезе со соопштение за возниот ред.

– Линија бр.3 Зелен Рид -Железничка станица

– Линија бр.4 с.Добрашане-Бедиње

– Линија бр.5 нас.Карпош-Железничка станица

– Линија бр.8 с.Тромеѓа-Бедиње

– Линија бр.12 с.Романовце-Куманово

– Линија бр.16 Куманово-Табановце -Карабичане-Сопот

Loading...

Време на поаѓање на автобусите од сите почетни станици:

– I смена -06:20ч, време на враќање во 13:20ч;

– II смена 12:30ч за одење и 19:20ч за враќање.

Линиите ќе сообраќаат по истата маршута како и претходно.

Од компанијата потенцираат дека овој превоз е наменет исклучиво за учениците.

Никола Ивановски