Од среда постепен постепен пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во североисточниот дел од земјава ветерот ќе се засилува и се очекувабрзината на ветерот да достигнува до околу 40 км/час.

Минималните температури ќе се движат од 1 до 7, а максималните од 21 до 27 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен ветер од северен, односно североисточен правец, а максималната температра ќе се искачи до 23 степен.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат бидат малку постудени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени.

Од среда, како што додаваат од УХМР, се очекува постепен постепен пад на температурата на воздухот.

Leave a Reply