Од први август Куманово ќе добие најмодерен базен во Југоисточна Европа (видео)

Сподели со своите пријатели

Со пригодна културно-уметничка програма на први август во употреба ќе бидат пуштени отворениот и затворениот Градски базен, официјално најави денес на прес конференција градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Мислам дека во последните 10 години во Југоисточна Европа таков објект нема направено. Тоа е еден прекрасен објект за професионални спортски натпревари каде со псоебна програма ќе биде вклучен школскиот спорт, пливачките клубови, ватерполо клубови и рекреација за граѓаните. Отворениот базен исто така ќе биде на услуга на граѓаните на Куманово, некаде околу 200 луѓе ќе може да бидат во отворениот базен, ќе има можност и за културно-забавен живот, така да на некој начин долгоочекуваниот овој проект ќе биде пуштен во употреба и со гордост го претставувам овој проект – рече Дамјановски на денешената прес конференција.

Комерцијалниот, односно хотелскиот комплекс кој ќе биде во рамките на самиот затворен базен ќе понуди сместувачки капацитети какви во Куманово до сега немало. Комплексот е завршен и спремен за можно концесионирање или јавно-приватно партнерство во наредниот период.

Тоа ќе биде спортски комплекс, спортски хотел кој ќе има исто така прием на негде околу 48 гости со ресторан, продавница за спортска опрема, кафулиња и на некој начин ќе го надополни она што недостасува во Куманово, спортскиот дел каде сите екипи кои гостуваат во Куманово се приморани на некое импровизациско сместување или некои големи семинари еве поголем број на сместувачки можности кои ќе ги понудиме – додава Дамјановски.

Loading...

 

Тој ги повика сите граѓани да присуствуваат на големото отворање, а веднаш од втори август граѓаните ќе можат да ги користат услугите на отворениот базен, додека затворениот првите капачи ќе ги прими во септември со почетокот на сезоната, поради законски пречки за стопанисување со истиот.

Во моментот Секторот за култура и спорт, преку Одделот за спорт ќе го менаџира во воие 30 дена со наши капацитети, тоа ќе биде во форма на летниот базен, затворениот во полна форма со програма од школскиот спорт, со програма за граѓанските здруженија, клубови и програма за рекреативниот дел ќе бидеме во полна форма на користење на затворениот, бидејќи во август месец помал ќе биде интересот за затворениот базен, така да рачунаме полната форма на затворениот базен да ја вклучиме од септември – додава Дамјановски.

Билетот за отворениот базен за возрасни ќе изнесува 150 денари, но за дечиња до 7 години влезот ќе биде бесплатен, додека пак за оние од 7 до 14 години ќе чини 75 денари.

Капацитетот на просторот кој го поседуваме како рекреативен дел е за максимална бројка од 200 луѓе и за да може да имаме комодитет во функционирањето на тој базен, бидејќи ако кажеме дека две дечиња до седум години се бесплатни со една карта ќе имаш тројца луѓе таму и затоа е таква цена, а за затворениот цената ќе е 200 денари затоа што знаете таму имаме енергенси, хемикалии за одржување  – истакна градоначалникот.

На иницијатива на граѓанските здруженија и клубовите со одлуки н Советот на Општина Куманово ќе бидат дадени и одредени поволности за користењето.

Најавеното партерно уредување пак ќе почека подобри времиња, од причина што дел од планираниот парк заглавил во тендерската постапка на која се јавила една фирма која ги надминала предивдените средства на општината.

 

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]