Од полноќ поскапување на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 % во однос на одлуката од 30.3.2023 година.

Loading...

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: Кај бензините за 2,499 %, кај дизелот намалување за 1,683%, кај екстра лесното масло намалување за 1,420% и кај мазутот има зголемување за 2,395%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,128%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,652 ден/кг и сега ќе изнесува 39,391 ден/кг.

Од 4.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Loading...

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,391 (денари/килограм)