Од полноќ поевтинуваат горивата

Сподели со своите пријатели

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,91 проценти, одлучи регулаторната комисија заенергетика и водни услуги.

Loading...

Од ноќжеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за еден денар за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,105 денар/килограм.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 за оваа недела е 72 денари, на ЕУРОСУПЕР БС -98 е 74 денари, додека цената на литар дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) изнесува 62,5 денара.

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) од утре ќе изнесува 62 денара за литар, а на мазутот М-1 НС 36,876 денари за килограм

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 2,646%, дизелот за 3,041%, екстра лесното масло за 2,917 % и кај мазутот намалувањето е за 3,215 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,548 %.

Leave a Reply