Од петок раст на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд на крајниот исток, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 и 17, а максималната од 20 до 27 степени.

Во Куманвоо и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со скоро минимални услови за дожд и грмотевици. Минималната температура утринава изнесуваше 11 степени, додека дневниот максимум ќе се искачи до 22 степени целзиусови.

Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи.

Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.

Leave a Reply