Од денеска повторен пораст на дневните температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува умерен до засилен ветер, од северен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 26 степени целзиусови.

Од денеска ќе започне сончевото време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.

За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд.

Никола Ивановски

Leave a Reply