Обуки на Центарот за развој на Североисточниот регион за енергетска транзиција

Сподели со своите пријатели

Центарот за развој на североисточниот плански регион и консултанстската фирма БДС од Скопје, денеска во Куманово ја организираа втората обука „Вовед во мапирање на енергетска транзиција“, што се реализира во рамки на проектот „Панел 2050 – партнерство за ново енергетско лидерство 2050“.

Проектот е финансиран во рамки на програмата за истражување и развој на Европската унија HORIZON 2020.

– Целта на обуката на која учествуваа претставници од општините во регионот, Центарот за развој на Североисточниот плански регион, бизнис секторот и граѓанскиот сектор од регионот, беше да даде вовед во процесот на развивање на Мапа за енергетска транзиција, која треба да претставува патоказ за јавниот и бизнис секторот од регионот, како и за граѓаните во целина во намалувањето на енергетската потрошувачка и емисијата на стакленички гасови, користењето на локалните обновливи ресурси за производство на енергија, креирањето на локални работни места и намалувањето на трошоците за енергија, рече раководителот на Центарот Младен Протиќ.

Во рамки на проектот, во иднина предвидено е да се одржат дополнителни обуки за повеќе субјекти од регионот кои се носители во креирањето на политиките за користењето на обновливите извори на енергија, по што ќе се започне со процесот на развивање на „Мапа за енергетска транзиција на регионот“ на долг рок до 2050 година и соодветните краткорочни и среднорочни приоритети и цели.

Извор: МИА

Loading...