Објави снимка од необично суштество во дворот: Уверена е дека е диносаурус (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кристина Рајан од Палм Бич, Флорида, започна дискусија на интернет откако беше објавена снимка на нејзината безбедносна камера.

Loading...

Таа видела необично суштество на видеото од камерата што го доловува нејзиниот двор, за што е убедена дека е младенче од диносаурус.

– Секое животно што би помислило да помине низ дворот во 3.40 часот наутро, не би одело вака. Можеби премногу пати сум го гледала Паркот од времето на Јура, но гледам велоцираптор или кој било друг помал диносаурус “, рече таа.

По објавувањето на видеото, на интернет веднаш се појавија бројни теории за тоа што може да биде, бидејќи диносаурус сигурно не е.

Некои велат дека можеби станува збор за „игуана заглавена во пластична кутија“, додека други гледаат куче кое носи мантил за дожд.

 

Leave a Reply