Објавени резултатите од тестот на дрога за победникот на Евровизија

Сподели со своите пријатели

Пејачот на италијанската група Менескин, победникот на Евровизија 2021, не бил дрогиран, објави во понеделникот организаторот на натпреварот по направениот тест на дрога.

Loading...

„Немало употреба на дрога и случајот е затворен за нас“, соопшти ЕБУ, организаторот на Евровизија.

 

 

Италијанскиот пејач Дамиано Давид се согласи на тестот откако беше објавено видео на кое се гледа како тој се приближува со носот кон масата во позиција како да шмрка кокаин за време на натпреварот во Ротердам во саботата.

ЕБУ наведува дека резултатот од тестот, објавен во понеделникот, е негативен.

Организацијата со седиште во Женева, на барање на италијанската делегација, „спроведе темелно испитување и ги провери сите достапни видеа“.

Loading...

 

 

Италија, која беше меѓу фаворитите, победи на европскиот музички натпревар пред Французинката Барбара Прави и швајцарскиот претставник Ѓон Теарс.

Да потсетиме, откако сугестивната снимка се прошири на интернет, бендот жестоко ги негираше обвинувањата, а потоа следниот ден се појави организаторот.

 

 

Loading...

„Ние сме свесни за шпекулациите за видеото од италијанските победници на Евровизија минатата недела во зелената соба. Бендот силно ги негираше обвинувањата дека користеле дрога, а нивниот пејач ќе биде подложен на доброволен тест за дрога по пристигнувањето дома. Ова го побараа синоќа, но ЕБУ не можеше веднаш да организира тестирање“, стоеше во соопштението на организаторот.

 

 

– Бендот, нивниот менаџмент и шефот на делегацијата нѐ известија дека немало дрога на сцената и објасниле дека на нивната маса е скршено стакло и дека пејачот ги чистел парчињата стакло. ЕБУ може да потврди дека искршеното стакло навистина е пронајдено по увид на лице место. Ние сè уште внимателно ги разгледуваме снимките и навремено ќе ги објавиме сите нови информации“, велат во официјалното соопштение, нагласувајќи дека сè уште ја разгледуваат спорната снимка.

 

 

Loading...

За потсетување, италијанската рок-група „Менескин“ славеше на сцената на Евросонг изведувајќи ја песната Zitti E Buoni, за која жирито им додели 206 поени, а од публиката добија дури 318 поени – со што собраа 524, повеќето од сите изведувачи.

фото: Eurovision.tv

Leave a Reply