Објавени фотографии од најголемиот природен сателит на Јупитер (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вселенското летало „Џуно“, сопственост на НАСА, ги покажа првите фотографии од најголемата месечина (природен сателит) на Јупитер по скоро две децении.

Loading...

Џуно ја зумираше камерата на ледениот Ганимед, минувајќи 1.038 километри од најголемата месечина на Јупитер, пишува АП, пренесува Танјуг.

Претходниот пат кога леталото се приближи толку близу беше во 2000 година, кога леталото Галилео на НАСА помина покрај најголемата Месечина во Сончевиот систем.

НАСА ги објави првите две фотографии од вселенското летало, обележувајќи ги кратерите Ганимед и долгите тесни линии кои најверојатно се резултат на тектонски земјотреси.

 

 

Го открил Галилео во 1610 година

Loading...

Една фотографија ја покажува далечната страна на Месечината, наспроти Сонцето.

„Ова е најблискиот пристап на секое летало до најголемата Месечина“, рече водечкиот научник кој работи на Џуно Скот Болтон, од Југозападниот институт за истражување во Сан Антонио.

Ганимед е една од 79-те познати месечини кои кружат околу Јупитер.

Италијанскиот астроном Галилео Галилеј го открил во 1.610 години.

Лансиран пред една деценија, Џуно орбитира околу Јупитер веќе пет години.

Leave a Reply