Обилни врнежи од дожд и силен ветер, од ноќеска голем пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни (над 20 л/м2) проследени со силен ветер (над 70 км/час), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

– Поради продор на многу студена воздушна маса од север утре попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување, велат од УХМР.

Во деновите од викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка.

Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималната дневна температура се очекува да достигне 11 степени, но во текот на ноќта истата ќе се спушти до шест степени под нулата.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply