НУЦК „Трајко Прокопиев“ распиша конкурс за изложбата „Скулптури на новото време“

Сподели со своите пријатели

Во текот на месецот септември 2023 година ќе биде организирана биеналната изложба на скулптури „Скулптури на новото време 2023”.

Loading...

Проектот е подржан од Министерството за култура на РС Македонија а организатор и координатор на сите активности врзани за оваа изложба е Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово.

На изложбата учество можат да земат сите академски скулптори кои живеат и работат на територијата на РС Македонија.

Секој академски скулптор – учесник може да учествува најмногу со три скулптури.

Темата е слободна како и изборот на техниката и материјалот.

Авторот има обврска со приложените скулптури да достави и своја фотографија и биографски податоци кои би се отпечатиле во каталогот посветен на оваа изложба.

Скулптурите да не се со поголеми димензии од димензијата – 70х70×70 см., и да се погодни за транспортирање како и да се изработени во периодот 2020-2023 год.

Изложбата ќе се организира во текот на месецот септември 2023 година во Куманово.

Loading...

По завршувањето на изложбaта скулптурите ќе бидат вратени на авторите.

– Поради навремени подготовки ги молиме сите заинтересирани академски скулптори (вајари) своето учество да го најават најдоцна до 20.08.2023 година, апелираат од НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Лица за контакт:  Роберт Цветковски, м-р Зоран Арсовски, Миранда Беќири Фазлиу, тел. 031 415 099

Интегрално соопштение