НУЦК „Трајко Прокопиев“ го распиша конкурсот за „Самоуки 2023“

Сподели со своите пријатели

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ го распиша конкурсот за годинешното издание на традиционалната ликовна изложба „САМОУКИ 2023“.

Loading...

– Јавно ги повикуваме сите неакадемски уметници од Општина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи со три дела по сопствен избор, информираат установата.

Темата е слободна како и техниката, а секое дело треба да е опремено за закачување.

Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и ќе ги извести учесниците за примените дела.

Рокот за пријавување трае до 26.05.2023 г. (петок – до 12 часот).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

Изложбата ќе биде отворена на 08.06.2023 година.

Никола Ивановски