Нови 481 случаи на коронавирус и 10 починати изминатата недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (31.01.2022 до 06.02.2022) во Куманово е регистриран пад на бројот на нови случаи споредбено со неделата претходно.

Loading...

Според статистиките на Министерството за здравство во текот на изминатата седмица се регистрирани вкупно 481 нови случаи во Куманово (заедно со Липково и Старо Нагоричане), додека во седумте дена претодно, биле регистрирани 540 новозаболени.

Најмногу нови случаи за еден ден во текот на изминатата недела биле регистрирани во вторник, дури 96 лица позитивни на ковид-19.

Во текот на изминатата недела починати се десет лица поради компликации од коронавирусот, додека неделата претходно имало девет починати пациенти.

Заклучно вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во Куманово активни се вкупно 528 случаи.

Од почетокот на пандемијата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане регистрирани се 15.304 случаи позитивни на ковид.

Досега во Македонија се направени вкупно 1.818.882 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.182, бројот на оздравени пациенти е 257.280, на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324.

Никола Ивановски

Loading...