Нов земјотрес во Турција и нови жртви

Сподели со своите пријатели

Во денешниот земјотрес во близина на турскиот град Малатија, едно лице загина, а 69 се повредени, соопшти директорот на турската агенција за управување со катастрофи (АФАД), Јунус Сезер.

Loading...

„Спасувачките операции се интензивираат во пет згради. Речиси на секои три минути се соочуваме со последователни потреси. Ги советувавме граѓаните да се држат настрана од претходно оштетените згради, бидејќи тие се уриваат“, рече Сезер, објави весникот „Хуриет“.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди квартот Јешиљурт кај градот Малатија. Земјотресот бил почувствуван во Кахраманмарас, Адијаман, Елазиг и околните провинции. АФАД соопшти дека има уништени објекти.

Функционерот на Јешиљурт Мехмет Чинар соопшти дека таткото и ќерката кои влегле во куќата да собираат работи останале под урнатините и дека потрагата по нив е во тек.