Нов закон во Швајцарија: Јастогот не смее да пати пред подготовката

Сподели со своите пријатели

Вообичаената кулинарска пракса за уфрлување свежи јастози во врела вода, како и нивниот транспорт на мраз или во ледена вода, од денеска се забранети во Швајцарија.

– Живи ракови, вклучувајќи го и јастогот, повеќе не смеат да се транспортираат на мраз или во ледена вода. Водените врсти мораат секогаш да бидат чувани во нивното природно опкружување. Тие од сега мора да бидат онесвестени пред да бидат убиени, се наведува во новиот правилник кој владата го усвои и кој ќе стапи на сила во март.

Овие смешни и бизарни закони ширум светот и натаму постојат

Loading...

Тие правила исто така имаат за цел и да ги разотркијат незаконските фарми за кучиња, да воведат забрана за уреди кои се користат за казнување кучиња и наведуваат низ услови за успивање на болни или повредени животни, како и казни за организатори на настани како што се животински борби.

Швајцарија, како се наведува, не е сама во одлуката да ги заштити јастозите од суровиот третман во кујната, како што го опишуваат активистите за животни.

Врховниот суд во соседна Италија исто така во јуни изгласа дека јстозите не смеат да бидат на мраз во рестораните затоа што тоа кај нив предизвикува неверојатно мачење пред да станат фина вечера.