Овие смешни и бизарни закони ширум светот и натаму постојат

Сподели со своите пријатели

Секаде постојат закони кои мора да се почитуваат, некои се донесени пред еден век и никогаш не престанале да важат.

Во Сингапур од 2004 година противзаконски е да се продаваат или конзумираат гуми за џвакање поради потешкотии при нивното отстранување од разни места.

Во Вермонт жените мораат да добиваат писмена дозвола од сопругот дали смеат да носат забна протеза, а ако случајно во оваа држава тврдите дека Бог не постои би можеле да завршите и во затвор.

Во Џорџија е противзаконски да менувате облека на кукла во излог, ако претходно не сте спустиле завеса, а во Вирџинија можете да завшите во затвор шест месеци, ако со некого сте се пошегувале, а тој не сакал да ја прифати шегата.

Во Мејн ќе бидете казнети ако новогодишните и божиќни украси не ги отстраните по 14 јануари.

Ако сте во Северна Кореја, добро е да знаете дека е забрането да носите фармерки, да ги фотографирате сиромашните и да поседувате автомобил, освен ако не сте член на комунистичката партија.

Шкотланѓаните се должи доколку странец побара да се послужи со нивниот телефон, да мораат да го пуштат во својата куќа.

Драги дами, кога би живееле во Мичиген не би смееле да се шишате без претходна дозвола од сопругот, а во Арканзас сопругот легално може да ја претепа својата жена.

Кога е во прашање Велика Британија, казниво е наопаку да ги лепите поштенските марки на кои се наоѓаат членови на кралското семејство, а особено таква коверта да ја испратите, затоа што тоа се смета за предавство на државата.

Бизарен закон во Кина, вели дека е забранета реинкарнација без претходно одобрение на власта. Значи, и мртов човек мора да го почитува законот.

Во Данска постои список со одобрени имиња за деца и доколку родителите на своите деца сакаат да дадат име кое го нема на списокот, мора да поднесат барање.