Норвежанка доцна сфатила дека е во врска со криминалец: Ѝ земал многу пари, а ја сместил на психијатрија

Сподели со своите пријатели

Норвежанката Сесили Фјелхој (28) отишла на школување во Лондон, каде преку апликација се сретнала со еден човек од Израел, кој барем тој тврдел дека е син на милијардер и дилер на дијаманти.

Loading...

Нивната прва средба била како на филм – тој ја однел во Бугарија со приватен авион. Тој во таа пригода и рекол дека има многу работа и дека често патувал. Така започнала нивната врска на далечина и малку по малку Сесили се заљубила. Таа и Симон биле во секојдневен контакт и честопати разменувале љубовни пораки.

 

 

Posted by Cecilie Schrøder Fjellhøy on Friday, August 1, 2014

 

После неколку недели врска, ситуацијата се свртела. Момчето ја замолил својата девојка да земе заем на нејзино име за да може да си ги покрие трошоците и со тоа да се заштити од „непријателот“.

Фјелхој се согласила на тоа и по еден месец, кога го погледнала изводот, сфатила дека нејзиното момче ги троши нејзините пари во луксузни продавници и хотели низ целиот свет. Во тие месеци тој „ја осиромашил“ за 200.000 долари.

Студентката на почетокот не била возбудена, бидејќи тој ветил дека ќе и ги надомести трошоците во секој случај. Сепак, следеле само празни ветувања. Наскоро станало сè појасно дека Сесили никогаш нема да ги види своите пари.

Loading...

 

 

„Кога го сфатив тоа, се чувствував како да ќе повратам. Бев во целосен шок бидејќи сфатив дека си го уништив сопствениот живот”, рече девојчето. Кога дознала за ова, таа толку се вознемирила што била хоспитализирана во психијатрија.

Ја ангажирала полицијата и се испоставило дека вистинското име на мажот е Шимон Хајут.  Мажот и бил познат на полицијата затоа што поминал седум години во затвор во Финска затоа што изневерил жена за огромна сума пари, додека во Израел тој се бара за неколку измами.

„Секој ден се мразам себеси и сето ова е премногу болно за мене. Најлошото нешто за мене е тоа што не само што го изгубив момчето, туку и никогаш немав – тој всушност не постоеше”, заклучила таа.

 

Loading...

Leave a Reply