Ноќеска можен прекин на водоснабдувањето низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Повисоките делови од ниска и средна водоводна зона во Куманово ноќеска може да останат без вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Повикувајќи се на известувањето на ЈП „Водовод“, од РЦУК, како причина наведуваат редовно сервисирање.

– Поради редовно-периодично чистење и испуштање на резервоари за вода во Фабрика за вода (филтер станица), ве известуваме дека на ден 04.11. наспроти 05.11.2023 година ( навечер Сабота наспроти Недела) од 00:00 часот до 04:00 часот на повисоките делови од ниска и средна водоводна зона ќе се почувствува намален притисок во водоводната мрежа или краткотрајно ќе има прекин на водоснабдување, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Водоснабдувањето веќе во раните утринските часови на 05.11.2023година ќе се нормализира во сите делови на градот.

– ЈП „Водовод“ Куманово им се извинува на граѓаните поради евентуален краткотраен прекин на водоснабдување, но постапката е неопходна за граѓаните да се снабдуваат со чиста и безбедна вода за пиење, додаваат од претпријатието.

Никола Ивановски