Нивото на Пчиња само осум сантиметри

Сподели со своите пријатели

Само осум сантиметри изнесува водостојот на реката Пчиња, покажуваат последните мерења направени од страна на Управата за хидрометеорологија утринава во 07:30 часот.

Loading...

Рекордно ниското ниво на водостојот е регистрирано на мерната станица лоцирана во атарот на селото Пелинце. Во изминатите неколку денови нивото на водата беше на 10 сантиметри, но утринава е дополнително намалено за два.

Доказ дека станува збор за екстремно ниско ниво на водостој, покажува и фактот дека просекот за овој период од годината во текот на изминатите години изнесувал 32 сантиметри.

Никола Ивановски