„Никуљски пат“ во населба Карпош ќе добие реконструкција на канализацијата

Сподели со своите пријатели

Фекалната канализациона мрежа на дел од улицата „1“ во населбата Карпош или позната како „Никуљски пат“ наскоро ќе биде реконструирана.

Општина Куманово ја заврши тендерската постапка, при што за фирма изведувач на градежните зафати е избрана компанијата „ЕНЕРГОМОНТ“ од Скопје. Вредноста на тендерот без ДДВ изнесува 1.935.000 денари или околу 32.000 евра, додека проценета вредност на договорот изнесува 4.250.000 денари без ДДВ.

На тендерската постапка биле доставени девет понуди, од кои највисоката изнесувала 4.343.403 денари, а најниската 1.640.000 денари.

Инаку граѓаните токму од оваа населено место уште пред две години реагираа дека се дават во фекалии од водата која при секој дожд се излева од одводните шахти.

Leave a Reply